Таа наводно му родила близнаци на Путин, а сега прв пат јавно се огласи (фото)

- Advertisement -

Поранешната руска гимнастичарка Алина Кабаева (37) за прв пат се појави во јавноста по речиси две и пол години откако во јавноста почна да се шпекулира дека очекува близнаци со претседателот Владимир Путин (68).

Поранешната гимнастичарка беше член на партијата на Путин, Единствена Русија и претседател на компанијата National Media Group, а наводно ја започнала врската со Путин пред 12 години.

Кабаева беше гостин на руската национална телевизиска програма со цел да ги нападне судиите на Олимписките игри во Токио, кои, според нејзиното мислење, ја оштетија нејзината колешка Дина Аверина.

- Advertisement -

Аверина освои сребро во ритмичка гимнастика, а Кабаева тоа го нарече неправда, па го нападна настапот на освојувачката на златниот медал, Израелката Линој Ашрам, пишува Мирор, кој објави и видео од нејзиното појавување на телевизија.

Изведбата на Дина Аверина беше совршена. За разлика од нејзината ривалка од Израел која направи голема грешка. Таа грешка требаше да вреди еден бод, но тие и одземаа само 0,7 поени. Златните медали не се освојуваат со такви грешки.

Ним им требаше шест минути за да и ги дадат поените. Одложувањето значи дека судиите ги броеле бодовите и не сакале Аверина да ја победи израелската гимнастичарка, тврди Кабаева.

Да потсетиме, Путин беше во брак со Људмила Путин, со која има две ќерки, Марија и Екатерина. Пред седум години, тие се разведоа по 30 години брак.

Кабаева победи на Олимписките игри 2004 во Атина и освои бронза во Сиднеј во 2000 година.

Таа се збогуваше со гимнастика во 2005 година, а потоа помина осум години во рускиот парламент. Таа беше член на партијата на Путин.

Иако нејзиниот претставник за медиуми рече дека немаат коментар, медиумите дознаа во март 2019 година дека четвртиот ВИП кат на Медицинскиот центар Кулаков во Москва бил затворен во тоа време.

Приказната за породувањето на Кабаева беше објавена на нивното веб издание од познатиот весник Московски комсомолец, но кратко потоа, целата статија беше избришана. Сепак, некои независни новинари објавија дека Кабаева родила близнаци со царски рез.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Мојата историја со оженет маж траеше 15 години, но заврши со изненадувачки крај

Кога згодниот возрасен маж се појави во канцеларијата, веднаш го забележав. Тогаш имав само 22 години и од неодамна работев како практикант. На прв...

“Останете гладни наутро!“ – Правила на животот на 80-годишен хирург кои ќе ви помогнат да ја зачувате фигурата

„Дајте му го на ѓаволот појадок, ручајте на ручек, јадете нормално навечер и потоа вежбајте!“ – овој необичен совет од познат професор по кардиохирургија...

Четири килограми за еден месец: Секое утро во јогуртот додадете една лажица од овој зачин

Денес кога се среќаваме со многу диети на интернет, ретко кога сме сигурни дека истата навистина делува. Прво што треба да знаете за една диета...
error: Содржината е заклучена!