Искрено писмо до љубовницата на сопругот која ми го растури бракот

- Advertisement -

Една изневерена жена одлучила да напише искрено писмо до жената која го растурила нејзиниот брак.

Прво: Ти благодарам!

Неколку месеци сакам да напишам писмо до љубовницата на мојот сопруг, сега веќе бивши. Многу пати сум замислувала што би ѝ рекла ако се сретнеме на улица.

- Advertisement -

Ја познавав лично и сме имале контакт откако дознав за аферата. Сега сум добра и навистина ставив крај на бракот, па мислам дека конечно сум подготвена да ѝ кажам што мислам и што чувствувам.

1. Ти благодарам што беше причина

Искрено, од дното на срцето сакам да ти се заблагодарам. Да не дознаев за вашата афера, ќе останев во лош брак без љубов – во оној во кој се чувствував како да сум безвредна. Можеби не би уживала толку во ова нешто, во новата врска и животот, ако не беше ти. Сепак, ти беше причината и за многу убави работи во мојот живот.

2. Жал ми е ако те третира како што ме третираше мене

Првенствено, жал ми е ако со него разменуваш тешки зборови, како што јас го правев тоа. Сепак, се надевам дека те третира подобро од мене. Знам низ што поминувавме јас и претходната жена со него. Сега конечно знам кој е, што е и сочувствувам со тебе ако некогаш си била сведок на такво однесување.

3. Заслужуваш подобро

Ми изгледаш како интелигентна девојка која има потенцијал. Верувам дека во овој период од животот се обидуваш да се најдеш себе. Сакам само да знаеш дека заслужуваш многу повеќе. Тој е неспособен да се предаде пред кој било и верувај ми, нема да биде ништо поинаку ниту со тебе.

4. Жените треба да се поддржуваат една со друга

Иако сум ти благодарна за сè, сепак ти замерувам за тоа што ми го направи. Да се има емоционална и физичка врска до нечиј сопруг не е солидарно кон останатите жени и не е фер. Доволно е тешко да се одржи стабилна врска во денешно време, а замисли како е кога и трета личност ќе влезе во приказната. Затоа ти советувам веќе на ниедна жена да не ѝ го направиш ова, а се надевам дека нема ниту тебе да ти се случи истото.

5. Секогаш имаш избор

Еднаш ми пиша: „Со задоволство би се повлекла. Се обидов да го избегнам сето ова мирно, но веројатно недоволно силно“. Факт е дека секогаш си имала избор да донесеш одлука пред да се случи сето ова. Наш е изборот како ќе се претставиме пред светот и како ќе се однесуваме.

Без оглед на тоа колку силно си се „трудела“ да побегнеш од него, ти си донела одлука да бидеш во врска со оженет човек. Преземи одговорност за сопствените избори и одлуки. Се надевам дека во иднина ќе правиш попаметни избори и ќе знаеш дека твоите одлуки влијаат и на други луѓе.

Знам дека минатото не може да се избрише и дека сите имаме нешто да научиме од него. Јас повторно се пронајдов себе, конечно знам колку вредам. Не можам да се вратам и да ја поправам грешката од минатото, можам само да продолжам напред.

Се надевам дека ќе научиш нешто од оваа афера и ќе му пријдеш на животот со повеќе достоинство и свесност.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Нанесете го ова на темето и косата побрзо ќе ви расте – нема да се покаете

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат...

Копчињата на шпоретот ќе заблескаат од чистота- Потребни ви се само 2 минути и готово!

Секоја домаќинка е запознаена со проблемот на здодевните масни наслаги на копчињата од шопретот, кои притоа, поради нивната локација, се потешко пристапни за чистење. ...

Во ВЦ школка ставила едно чешне лук и го оставила да преноќи – утрото само пуштила вода, а резултатот ја воодушевил

Тоалетот и ВЦ школката се легло за бактерии и зарази и мора редовно да се одржуваат и дезинфицираат, за да го сочуваме здравјето. Некои практични...
error: Содржината е заклучена!