Го победив туморот со метастази во четврта фаза, а ми даваа само уште неколку недели живот

- Advertisement -

Прогнозите воопшто не биле добри за Роб Мобери, но тој денес е здрав и жив благодарение на промените што ги направил во својот живот, особено во исхраната.

Татко на две деца, Роб Мобери, на кој докторите му давале само уште неколку недели живот, го победил ракот на дебело црево во четврта фаза, откако станал веган.

Роб Мобери (43) бил хоспитализиран во јули 2012 година со дијагноза за перфорирано дебело црево, а испитувањата откриле дека имал рак кој се раширил на цревата, лимфните јазли и црниот дроб.

- Advertisement -

Лекарите биле на мислење дека на овој келнер од Лас Вегас треба да му се вгради колостомска вреќичка, по што следи илеостомија, хемотерапија и терапија со зрачење.

Меѓутоа, после оперативните зафати и првиот круг од терапии, бидејќи ја изгубил силата, докторот предложил да помине некое време за да може телото да се исчисти од хемикалии, па потоа да продолжат со третманите за лекување.

Во ноември 2012 година Роб започнал со растителна исхрана, па преминал на алкална диета со својата сопруга, вегетаријанката Аманда (39). На ваков чекор се одлучиле откако направиле истражување и сфатиле дека шеќерите од преработената храна го поттикнуваат растот на туморот.

Кога отишол на следната контрола, на почетокот од 2013 година, ракот бил намален за речиси 80%.

Сега слави седум години откако го излекувал ракот, ги одгледува своите близнаци и работи во здружение кое се занимава со борба против ракот, обидувајќи се да им помогне и на други болни. Неговата приказна стана вирална откако на Твитер беше објавена од кантри ѕвездата Тим Макгроу.

“Не сакам да звучам како некој милитантен веган и да ги присилувам другите кои се заболени од тумор да преминат на веганска исхрана, но кога некој ќе ме праша што мене ми помогнало, му одговарам онака како што е – ми помогна веганската исхрана и здравиот начин на живеење” – изјавил Роб за Дејли мејл.

Кога му дијагностицирале рак, Роб бил шокиран , бидејќи во семејствата немал никаква предисторија на таа болест, се хранел здраво и секој ден трчал. Една година претходно имал симптоми како што се подуеност на стомакот и траги од крв во столицата, но мислел дека тоа е синдром на иритабилен колон или дека причина е некоја храна што ја изел.

Со оглед на тоа што немал здравствено осигурување, постојано ја одложувал посетата на лекар.

“Се сеќавам кога нè седна докторот мене и Аманда и кога ми рече дека шансите за да преживеам ми се само 8%. Светот ни се сруши. Тогаш сè уште не бевме венчани, таа можеше да си замине, да ме остави, но остана, а тоа беше знак за вистинска љубов.

Недолго после тоа се веривме, а два дена после моите операции се венчавме. Бев подоготвен на сè само да ја победам болеста.

Прво бев вегетаријанец, а потоа станав радикален веган. Така и оздравев”, раскажува Роб Мобери.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Бил во кома 12 години – Погледнете што и рекол на мајка си кога се разбудил!

Приказната за животот на Мартин Писториус го обиколи целиот свет.Тој бил весело, среќно и здраво момче, но се се сменило еден ден кога се...

Секој родител треба ова да го прочита: Ова момче се избањало и починало по еден час

И нашите неважни постапки можат да донесат смртоносен исход. На пример, многумина загреани влегуваат под туш, но треба најпрво да се навикнат на водата. Многу...

Што значи ако ја сонувате Света Петка – се јавува само поради две причини

За многумина Света Петка е заштитничка, а се верува дека посебно ги штити и им помага на жените, децата и старите луѓе. Верниците и’ се...
error: Содржината е заклучена!