Невообичаени појави кај новороденчињата кои ги преплашуваат родителите

- Advertisement -

Вашето бебе можеби нема да изгледа како што сте го замислиле. Ако сте родител за првпат, нормално е да се грижите за многу вообичаени појави кај бебето.

Ако очекувате „бебе како од рекламите“, може да се изненадите. Покрај тоа, понекогаш мајките и татковците се толку загрижени за најмладиот член на нивното семејство што бараат помош од лекар. Но, повеќето од овие необични појави се сосема нормални и нема што да се грижите.

Кожа покриена со бели дамки Ова е честа појава. Особено ако се работи за предвремено родени деца. Се јавува уште во 18-та недела од бременоста како производ на лојните жлезди и ја штити кожата на фетусот од влијанието на плодната вода во внатрешноста на матката, додека за време на породувањето делува како лубрикант и го олеснува поминувањето на бебето низ породилниот канал. Обично исчезнува помеѓу 36-та и 40-та недела од бременоста и затоа не е видлива на кожата на бебињата родени во деветтиот месец.

- Advertisement -

Невообичаена форма на главата Бебињата родени вагинално може да имаат конусна глава. Но, во следните неколку недели главата треба да оформи нормална, тркалезна форма. Телото на бебето е влакнесто Лануго се меки, нежни влакна. Овие се првите фоликули на коса што се произведуваат, најчесто на 5 месец од бременоста. По раѓањето, бебето има најситни влакна на рамената, грбот, челото и лицето и тие исчезнуваат за неколку недели.

Бебето има отечени гениталии Без разлика дали имате момче или девојче, може да забележите дека гениталиите на новороденчето се отечени и црвени. Покрај тоа, девојчињата може да добијат крвав исцедок како резултат на изложеност на мајчински хормони за време на бременоста. Но, сето ова исчезнува во првите неколку недели од животот на детето.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Потресна исповед на мајка: Мојата ќерка е грда и јас сум очајна поради тоа!

На една друштвена мрежа се појави потресна исповед на една мајка предизвика големо внимание и лавина на коментари. Таа призна дека нејзината ќерка е едноставно...

Генијален трик после кој никогаш повеќе нема да морате да миете садови

Мили студенти и сите останати млади мрзливи луѓе на овој свет кои мразите да миете садови- имаме трик за вас после кој вашиот живот...

Оваа молитва ја користев трипати и 3 пати предизвика да се случат чуда од кои животот ми тргна кон подобро

Читањето на оваа молитва ќе предизвика чуда во вашиот живот! Оние кои ја читаат оваа молитва велат дека им се случувале најразлични убави нешта....
error: Содржината е заклучена!