Исповед на Скопјанка: Како да им кажам на соседите дека се многу гласни во кревет?

- Advertisement -

Во Порта Влае се доселивме пред 15-тина години и многу сме задоволни од населбата. Децата ги пораснавме во ова релативно безбедно место.

Во близина има и градинки и основно училиште, безбедно шеталиште со многу дуќани, автобуски станици, амбуланта и поликлиника… речиси сè си имаме и немаме потреба да палиме кола, освен за специфични работи.

Соседите ми се ОК, порано фрлаа ѓубре каде стигнат, а кучињата им уринираа по лифтови и во влез, но последниве 5-6 години како да порасна културата, па вакви изолирани случаи ретко се среќаваат. Уште имаме еден комшо од седми што фрла отпушоци од тераса и по скали…

- Advertisement -

Генерално, многу сум задоволна…освен, од соседите до нас. Да не ме сфатите погрешно, луѓето се супер, културни, љубезни, срдечни….но, навечер се многу гласни. Како да ви кажам, ха, ха, ха, непријатно ми е.

Виновни се ѕидовите, можеби ете тоа е причината. Распоредот на станот е одличен, со простран дневен престој и трпезарија, солидни спални соби, убава голема тераса…

Ама навечер штом си легнеме, речиси еден час сме приморани да ги слушаме дивеењата од спалната соба на нашите соседи.

Не само што гласно воздивнуваат, туку имаат и сценарија со улоги, а јас и сопругот се чувствуваме како секоја вечер да гледаме некој перверзен филм, односно слушаме, ама исто ко да сме таму.

Ајде, можеби не е тоа секоја вечер, ама секоја втора или трета, сигурно. Слушајќи ги нив, на мене и на сопругот ни одмиле онаа работа и се поретко ја правиме.

Кога би знаеле во колку часот ќе им започне претставата, некако би одбегнале. Ама, почнувајќи некаде од 9-10 навечер, па се до 2-3 сабајле, во тој период може да им притекне било кога. Ако не сме заспани кога ќе почнат, толку од спиењето!

Ако сме заспани кога тие ќе почнат, прегласни се и не будат, па пак толку од спиењето.

Најинтересно е кога ќе се сретнеме во ходник, во лифт или во продавница, се однесуваат како ништо да не се случува, а ние сме приморани да глумиме љубезност зошто така културата ни налага!

Зар ниеднаш досега не се запрашале дали им пречат на кутрите соседи? Или намерно тоа го прават?

Или баш им е гајле?! Не знам, ама јас и сопругот сериозно размислуваме да се преселиме, ако не од населбава, барем во друг стан.

Се надевам ќе ме потрефи среќа, нешто ќе се случи за тие да се иселат пред нас. Не гледам друг излез.

Не можам да се карам со нив заради една таква деликатна работа. Нема друг излез.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Потресна исповед на мајка: Мојата ќерка е грда и јас сум очајна поради тоа!

На една друштвена мрежа се појави потресна исповед на една мајка предизвика големо внимание и лавина на коментари. Таа призна дека нејзината ќерка е едноставно...

Генијален трик после кој никогаш повеќе нема да морате да миете садови

Мили студенти и сите останати млади мрзливи луѓе на овој свет кои мразите да миете садови- имаме трик за вас после кој вашиот живот...

Оваа молитва ја користев трипати и 3 пати предизвика да се случат чуда од кои животот ми тргна кон подобро

Читањето на оваа молитва ќе предизвика чуда во вашиот живот! Оние кои ја читаат оваа молитва велат дека им се случувале најразлични убави нешта....
error: Содржината е заклучена!