Заев се огласи и даде свој коментар за снимката во која се вели дека ќе биде лиkвидиран (Аудио)

- Advertisement -

Фокус го контактирале премиерот Заев откако е споделена аудио снимка во која се слуша дека се зборува дека ќе биде изрешетан како kyче.

Ужас“. Ова е краткиот коментар кој го добивме од премиерот Зоран Заев, откако во јавноста беше објавена аудио снимка, во која се зборува за негова ликвидација. Поточно „А1он“ објави снимка од разговор прикачена на мрежата „Јутуб“ , а на која наводно се слуша разговор на двајца од осудените за „27 април“ – пишува ФОКУС.

Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко kyче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежam доживотно“ „ако треба ќе уmрам“.

- Advertisement -

„Фокус“ побарале коментар од премиерот, кој во моментот е на пратенички прашања во Собранието, кој ни одговори дека не е во можност да коментира, додавајќи само „ужас“.

Деновиве актуелно е прашањето за настаните од 27 април. Додека за власта тоа беше обид за ликвидација на пратеници и новинари, опозицијата смета дека луѓето кои се осудени се уставобранители.

По однос на тоа се огласи и екс премиерот Груевски кој смета дека токму владејачката, а тогашна опозициска партија СДСМ е таа која го искористила моментот за да како што вели, го темпира времето да го гласа Талат Џафери за претседател токму во времето кога пред Собранието имало многу народ.

Статусот на Груевски во продолжение:

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на својот официјален Фејсбук профил во врска со настаните на 27 април. Според него актуелната власт е директно одговорна за инцидентите на 27 април.

„Јас мислам дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инциденти на 27 април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш сеуште опозиција, или власт во доаѓање.

Пренагласеното покажување со прст кон политичкиот противник во секоја можна прилика, илјадници пати повторено, укажува на страв од откривање на вистинските креатори и осмислувачи, укажува на тоа дека и тоа како им е важно друг да биде прогласен за виновен, а тоа може некому да му е толку многу важно само доколку вината е кај него.

Зошто инаку би покажале со прст кон некого дека е организатор а знаат дека не е, без да имаат елементарен доказ и зошто би вршеле отворен и јавен а којзнае уште колку не јавен притисок на судот и судиите, за по секоја цена да утврди друг виновник, сега додека тие уште се на власт? – За да не се открие вистинскиот осмислувач на настанот после кој оваа власт доби голема подршка, што беше лесно предвидливо. Сега во време кога Судскиот совет е целосно ставен под партиска контрола а на оние судии кои не се партиски контролирани од партијата на власта, во тек е генерална ревзиија и секој еден може лесно да биде разрешен ако не постапи според очекувањата на власта.

Зошто спротивно на законите, противуставно и со неделовничко гласање одлучија да бираат претседател на парламентот токму во време кога народот кој 60 дена по ред мирно и достоинствено протестираше беше пред вратите на парламентот?“, пишува Груевски.

Според него, СДСМ темпирале токму кога народот е надвор пред Парламентот и преку ФБ будно следи што се случува внатре во салата, а за таквиот директен пренос преку интернет се погрижиле неколку пратеници на СДСМ.

„Тие поигрувајќи си со чуствата на народот, кој протестираше во одбрана на уставот и законите и против тиранската платформа, веројатно поучени од некои стратези за управување со ваков вид кризи, посакуваа и провоцираа инцидент, за да со фрлање вина врз нас како партија и поединци од нејзиното тогашно водство, не прикажат како насилници и недемократска власт која не сака да се откаже од власта на мирен начин, и со тоа да добијат силна подршка и надвор и внатре во земјата. За жал во тоа успеаја. Засега. Додека еден ден не се разобличи и разоткрие се.

Ја следам и упорноста да ме прикажат мене како главен организатор, па Заев посочувајќи на тоа заборава дека тоа го прави без да посочи барем еден елементарен доказ, како што беше и кога во судот го тврдеше истото. Спомнуваат телефонски повик а немаат ништо од тоа, освен луди претпоставки, фантазии и лажни конструкции, ниту пак може да имаат бидејќи се е измислено во нечии болни умови“ – пишува Груевски.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Потресна исповед на мајка: Мојата ќерка е грда и јас сум очајна поради тоа!

На една друштвена мрежа се појави потресна исповед на една мајка предизвика големо внимание и лавина на коментари. Таа призна дека нејзината ќерка е едноставно...

Генијален трик после кој никогаш повеќе нема да морате да миете садови

Мили студенти и сите останати млади мрзливи луѓе на овој свет кои мразите да миете садови- имаме трик за вас после кој вашиот живот...

Оваа молитва ја користев трипати и 3 пати предизвика да се случат чуда од кои животот ми тргна кон подобро

Читањето на оваа молитва ќе предизвика чуда во вашиот живот! Оние кои ја читаат оваа молитва велат дека им се случувале најразлични убави нешта....
error: Содржината е заклучена!