МВР дистрибуираше ВИДЕА и ФОТОГРАФИИ од приведувањето на Бојко Борисов, поранешниот премиер на соседна Бугарија

- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи објави снимка од приведувањето на поранешниот премиер на соседна Бугарија и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, поранешната директорка на прес-центарот на Советот на министри Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.

Акцијата на МВР е спроведена со целосно почитување на законот и лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија, се вели во соопштението на МВР.

Во текот на полициската акција извршени се претреси и заплени на три адреси. Полицијата во период до 24 часа приведе три лица на кои претходно им бил извршен лекарски преглед во Медицинскиот институт на МВР.

- Advertisement -

Според првично добиените информации, имало сугестија дека дел од нивните дејствија би можеле да бидат поврзани со некои од 120-те предмети на кои работи Европското јавно обвинителство. По извршување на процесно-истражните дејствија и анализа на прибраните докази и списи, се проценува дека материјалите ќе бидат пријавени до Софиското градско обвинителство.

Сепак не му покренаа обвинение на поранешниот премиер на соседна Бугарија, според верувањата на сегашната власт тоа е затоа што јавниот обвинител е негов човек и тие неможат да го сменат.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Исповед на маж од Скопје: Во велешки манастир ја видов Богородица во живo

Бев на 12-годишна возраст кога во живо ја видов Мајката Божја. Тоа се случи во трпезаријата на манастирот „Света Богородица“ во Согле, каде што...

Трагедија! Автомобил со македонски табли изгоре до пепел во Бугарија

Автомобил „пежо“ со македонска регистрација во Петок рано утрината изгоре на патот Банско-Симитли откако удрил во дрво, јави БГНЕС. 65-годишниот возач не е повреден, но...

Овие природни рецепти на проф. Мермерски засекогаш ќе ве спасат од дископатија

Едно од најчестите болести на мускулно-скелетниот систем е дископатија. Тоа е затоа што се јавува кога има истегнување, повреда или торзија на 'рбетот. Стиснувањето...
error: Содржината е заклучена!