14-месечно момче се заклучило во автомобилот и не престанало да им се смее на пожарникарите

- Advertisement -

14-месечно момче постојано се смеело додека пожарникарите се обидувале да го отклучат автомобилот во кој бил заклучен. Брендон Емери веројатно би можел да води еден од тие семинари за тоа како да се избегне стресот во критични ситуации.

Случајно се заклучил во автомобилот на мајка си, но се задржал на ладнокрвност и се забавувал со пожарникарите кои дошле на помош.

Мајката на Брендон, Кирсти Грин, сакала да ги стави торби со намирници во багажникот кога нејзиниот син ја притиснал централната брава при што се заклучил од внатре, заедно со клучовите на колата. Мајката останала однадвор.

- Advertisement -

„Отпрвин бев исплашена, се прашував како ќе го извлечам“, изјави за Daily Mail мајката на Брендон, Кирсти Грин. „За среќа, луѓето кои излегуваат од продавницата брзо дојдоа да ми помогнат, а една госпоѓа ги повика властите.

Спасувачите од противпожарната станица Bude Community во Корнвол, Англија, брзо пристигнале на местото на настанот и почнале да користат мали рачни алатки на автомобилот за да го ослободат Брендон.

Малото дете се смееше и се забавуваше. Но, тогаш во автомобилот нашол парички и сакал да ги ставил во уста. „Потоа почнав да се плашам“, рече Грин. Си помислив: „О Боже, што ако се задави во тоа?“

„Пожарникарите дејствувале брзо и тој не е повреден. Тие беа неверојатни и мислам дека колку повеќе Брендон се забавуваше, толку беа посреќни.

- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРЕНДИНГ

Исповед на маж од Скопје: Во велешки манастир ја видов Богородица во живo

Бев на 12-годишна возраст кога во живо ја видов Мајката Божја. Тоа се случи во трпезаријата на манастирот „Света Богородица“ во Согле, каде што...

Трагедија! Автомобил со македонски табли изгоре до пепел во Бугарија

Автомобил „пежо“ со македонска регистрација во Петок рано утрината изгоре на патот Банско-Симитли откако удрил во дрво, јави БГНЕС. 65-годишниот возач не е повреден, но...

Овие природни рецепти на проф. Мермерски засекогаш ќе ве спасат од дископатија

Едно од најчестите болести на мускулно-скелетниот систем е дископатија. Тоа е затоа што се јавува кога има истегнување, повреда или торзија на 'рбетот. Стиснувањето...
error: Содржината е заклучена!