Еден човек „воскресна“ во Шпанија непосредно пред неговата обдукција. Лекарите биле убедени дека Гонзало Монтоја Хименез е мртов.




Хименез, кој има само 29 години, бил во шпански затвор поради кражба. Но, еден ден тој едноставно не се разбуди.




По неговата „смрт“ во затворска ќелија, неговото тело било прегледано повеќе од еднаш и не биле пронајдени знаци на живот. Сепак, мажот се освестил само неколку минути пред обдукцијата, пишува Дејли Стар.




Тројца различни лекари го прегледале затвореникот и потврдиле дека е мртов. По извесно време телото на „покојникот“ било ставено во посебна торба и испратено во затворската мртовечница. Само патолозите можеа да се посомневаат во нешто, бидејќи наеднаш слушнаа доста гласно ‘рчење од вреќата. Докторите биле збунети од состојбата на Хименез. Веднаш бил испратен во болница да се опорави.




Телото на Хименез ги имаше апсолутно сите белези на труп, а неговата кожа беше виолетова. Ова покажува дека телото не го примило потребното количество кислород. Подоцна било утврдено дека ден пред инцидентот мажот се пожалил дека не се чувствува добро.




Засега никој од експертите не можеше да објасни како точно се случило ова „воскресение“. Локалните медиуми објавија дека кога Хименез конечно закрепнал, побарал средба со сопругата.